четвртак, 2. мај 2013.

                                                

НЕ КРАДЕТЕ МИ ЈА ИСТОРИЈАТА....

 

Далечната 1971 година заминав од својето родно село, од каде што потекнуваат моите предци. Иако сум далеку од него, јас и понатака мислам и најповеќе го сакам мирисот на багремот и јоргованот кој цветаше тука, солзи ми навираат на очите кога ке поминам по сокаците, ги сакам малите и тесни улички, обичните луѓе.

Ништо од ова не сум пронашол низ сите овие години на талкање во градот во кој што сега живеам, имам само спомени и сништа а желбата за нив ја исполнувам тивко низ помрачината каде не го гледам шаренилото.

Чекорам по своите спомени и чуства, се гледам себе си во моето село, пијам вода од селската чешма, седам на клупата во дворот од мојата трошна куќа и ги сложувам сликите на моето детство, растењето, поздравите и напуштањата. Јас никогаш нема да бидам турист-посетител во селото на моите претци, не не го посакувам тоа..... јас она што го посакувам го остварувам..... Се будам во времето кога мајка ми ме спремаше за на училиште, кога татко ми ме подучуваше за влез во светот на возрасните, кога сестра ми топло ме прегрнуваше .....

Чекорам низ тишината, сам без да видам мноштво од луѓе, без смеја, го посетувам сето она што го сакав во ова село.

Му поклонив дел од мојот живот, моите најмили, мојата веќна љубов, дел од срцето кое и ден денес штом ќе почуствува тага и мечтаење, во тишина се враќа во селото, да го прошета детството, ја оживее младоста и уште еднаш го погледне најубавото небо, најубавата светиња и историја која спие во тишината, згазена и понижена....

Мојот чекор не сакам никој да го види, и тие малкумина што се овде се како странци, некои од нив не можам да ги препознаам, други да ги погледам или да ги забележам. Јас го посакувам само она што го сакам, моето село, моето небо и мојата историја од времето кога тука живеев и растев , облеан со бескрајна среќа и радост..


Да... да..... во мојов текст мислам, во себе размислувам и се восхитувам на моето родно село Пожаране....

---------------------------------------------

Боге Војноски-автор на текстот

 

                                                  НЕ КРАДЕТЕ МИ ЈА ИСТОРИЈАТА....   Далечната 1971 година заминав од својето ро...